Лидерите на Хезболах, Хамас и Исламски џихад во Бејрут се договорија за понатамошните чекори

од Stefanija Kuzmanovska
285 прегледи

Лидерот на либанскиот Хезболах, Хасан Насрала, денеска во Бејрут се сретна со високите претставници на палестинскиот Хамас Салех ал-Арури и на Исламскиот џихад Зијад Наклех во екот на војната во Појасот Газа.

Во кратката изјава по состанокот се вели дека Насралах се договорил со Ал-Арури и Наклех за следните чекори на тројката заедно со другите организации поддржани од Иран во, како што се опишува, „чувствителниот момент“.

Нивната цел, според соопштението на либанската држава и медиумите на Хезболах, е да се постигне „вистинска победа на отпорот во Газа и Палестина“ и да се запре израелската „предавничка и брутална агресија против нашиот угнетен и непоколеблив народ во Газа и Западниот Брег“.

Други детали не се објавени.

Средбата се одржала во главниот град на Либан во време кога веќе три недели трае војната меѓу Израел и Хамас, исламската екстремистичка организација која владее со Газа.

Слични содржини