Општина Центар започна со редовна есенска дератизација

од Nikola Popovski
472 прегледи

Општина Центар започна со есенска дератизација на сите јавни површини и јавни објекти на територијата на цела локална самоуправа. Дератизацијата се спроведува со цел уништување на штетни глодари, инсекти и превенција од заразни болести. Ова е една од општите мерки кои општината ги презема за заштита на населението од заразни болести во согласност со Програмата за активностите на Општина Центар во областа на здравствената  заштита за 2023 година.

Со дератизацијата ќе бидат опфатени над 2 илјади шахти, и акцијата ќе биде спроведена и во следните неколку дена.

Дератизација во Општина Центар се врши два пати годишно во пролетниот и есенскиот период. Општина Центар ги известува граѓаните дека препаратот кој се користи за дератизацијата е селективен, од сертифициран производител и ја третира популацијата на глодарите. Издаден е со одобрение од Министерство за здравство на Република Северна Македонија, за употреба во јавната хигиена, не претставува опасност за останатиот животински свет.

Слични содржини