Министерството за труд и социјална политика денес согласно програмата на Владата на РСМ за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2021 година отвори нов Дневен центар за лица со попреченост во Општина Чашка.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски и пратеникот Мухамед Кадриов официјално го означија отпочнувањето на работа на Центарот за лица со попреченост во Општина Чашка.
Тренчевска информираше дека центарот ќе им овозможи поддршка на 12 лица со попреченост во Општина Чашка. Таа истакна дека Министерството за труд и социјална политика продолжува да се грижи за лицата со попреченост и да одговара на нивните потреби.
Министерството за труд и социјална политика од буџетот за 2021 година обезбеди средства за изведување на градежни работи, за реконструкција и адаптација на дел од зграда, транспорт и монтажа на опрема во Дневен центар за лица со попреченост во Општина Чашка во вкупен износ од 3.623.098,00 денари без ДДВ, односно 4.275.256,00 денари со ДДВ.