Јорданскиот крал Абдула Втори му порача денеска на францускиот претседател Емануел Макрон дека светските сили треба да побараат од Израел да ги запре воздушните напади врз цивилите во Појасот Газа и да ја оконча опсадата на областа, дом на повеќе од два милиони луѓе.
Тој изјави дека е неопходно да се стави крај на војната во Газа и предупреди дека во спротивно може да дојде до „експлозија“ во регионот, пренесува „Ројтерс“.
Францускиот претседател Макрон, по посетата на Јордан, ќе отпатува за Египет, каде што треба да се сретне со претседателот Абдел Фатах ел Сиси, со кого ќе разговара за ситуацијата на Блискиот Исток, пренесува „Танјуг“.