162
Бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа денеска надмина 6.500, а повеќе од 17.400 луѓе се повредени, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Во соопштението се прецизира дека од 7 октомври досега во таа палестинска енклава загинале 6.546 лица, од кои 2.704 се деца, 1.584 се жени и 364 се постари, пренесува РИА Новости.
На 7 октомври палестинското милитантно движење Хамас изврши ракетен напад на израелска територија, по што борци на таа организација навлегоа во пограничните области на југот на Израел и земаа заложници.