184
Времето денеска ќе биде променливо облачно, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Во јужните и источните делови на места ќе има поројни врнежи проследени со грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 14 степени, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се искачи до 23 Целзиусови степени.
Во петок врнежи се очекуваат кон крајот на денот, особено во северозападните делови. Од сабота ќе преовладува сончево и релативно топло време.