Болно сеќавање на Бритни Спирс на денот кога абортирала: „Цело време плачев, имав ужасни болки“

од Stefanija Kuzmanovska
303 прегледи

Пејачката Бритни Спирс конечно ги објави своите мемоари „Жената во мене“. Таа привлече големо внимание со своите мемоари уште пред да ги објави. Во книгата откри бројни детали од нејзиниот живот, кои прилично беа покриени од медиумите, но никогаш немавме можност да ја слушнеме нејзината страна од приказната.

Како што откри поранешната ѕвезда, таа абортирала за време на врската со Џастин Тимберлејк, а деталите за абортусот се детално опишани во книгата. Бритни истакнала дека целата процедура морала да биде изведена дома.

„Важно беше никој да не дознае за бременоста или абортусот, што значеше дека се мора да се изведе дома. Не престанав да плачам и липам додека не заврши процедурата. Траеше со часови, не се сеќавам како заврши, но 20 години подоцна се сеќавам на таа болка и страв“, се присетува Бритни во книгата.

Според Planet Parenthood, таблетите за абортус предизвикуваат грчеви и крварење за да се испразни матката.

Бритни тоа го нарече најголема агонија во својот живот, а Тимберлејк имал многу чудно однесување во тој период.

„Џастин влезе во бањата и легна на подот со мене. Во еден момент мислеше дека музиката може да помогне, па ја зеде гитарата и лежеше со мене, свирејќи. Болката траеше. Сепак, не ме однесоа во болница“.

Поп принцезата призна дека го сакала Џастин толку многу што тоа било ненормално. Двојката се раздели во 2000 година по три години врска, а една од нејзините најубави балади „Everytime“, наводно е посветена на нивното неродено дете.

Слични содржини