Познатата актерка Џоан Колинс проговори за инцидент од пред четири години, кој ѝ се случил со познат пејач.
Во нејзините најнови мемоари, Behind The Shoulder Pads: Tales I Tell My Friends, Џоан Колинс се осврнала и на наводниот инцидент кој се случил пред четири години на Мет Гала.
Според нејзините зборови, таа влегла во т.н. физичка пресметка со Хари Стајлс додека настапувала Шер.
Додека Џоан сакала да ужива во настапот на легендарната пејачка, Хари постојано ѝ го блокирал погледот.
„Хари Стајлс скокна на масата пред нас додека луѓе седеа на истата маса, попречувајќи ни го погледот и игнорирајќи ги нашите молби да седне бидејќи не можевме да видиме ништо“, се вели во книгата.
Иако доживеала непријатно искуство, како што вели, повторно би отишла на балот, но не сака да ја плати цената од 30.000 долари за билет, па, како што вели, ќе чека повторно да ја поканат.