Израел со осуда за Русија: Бара Москва да ја протера делегацијата на Хамас

од Vladimir Zorba
353 прегледи

Израел денеска ја повика Русија да ја протера делегацијата на Хамас, велејќи дека поканата да дојде во Москва е „за осуда“.

„Хамас е терористичка организација полоша од ИСИС“, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека рацете на лидерот на Хамас се „покриени со крв“ на повеќе од 1.400 Израелци кои биле „масакирани, убиени, ликвидирани и запалени“.

„Тие се одговорни за киднапирањето на повеќе од 220 Израелци, вклучувајќи бебиња, деца, жени и постари лица“, се вели во соопштението.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска потврди дека во Москва пристигнала делегација на движењето Хамас.

Слични содржини