Фрустрирани жители на зафрлено приморско село во Корнвол остро ја прозваа познатата актерка Кејт Бланчет дека им прави „пекол од животот“ и ги брка туристите.
Наводно, таа премногу често ја реновира својата вила, што им пречи на жителите.
Актерката во 2020 година заедно со сопругот купила викендица во близина на морето во Моган Порт вредна 1,6 милиони фунти, но набрзо ја срушила за да создаде „еко дом“ со пет спални соби и базен. Мирното село, сместено само шест километри северно од Њуквеј, е наречено „Холивуд на море“ поради својата популарност меѓу актерите, а исто така е и дом на ѕвездата на „Аквамен“, Џејсон Момоа.
Откако започнале градежните работи на имотот на познатата актерка, многу жители се жалеле дека „бучните градежни работи“ влијаат на нивниот живот.
„Кога ќе го отворите прозорецот слушате бушење. Тоа ги прави нашите животи тажни“, коментирал сосед и истакнал дека туризмот е пресуден за регионот во кој живеат, пишува „Дејли меил“.