Бајден се сретна со кинескиот министер за надворешни работи

од Stefanija Kuzmanovska
162 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Вашингтон, соопшти Белата куќа.

Бајден истакнал дека „и САД и Кина мора одговорно да управуваат со конкуренцијата што постои во нивните односи и да одржуваат отворени линии на комуникација“, се наведува во соопштението.

Се додава дека американскиот претседател истакнал дека Вашингтон и Пекинг мора да работат заедно за да ги решат глобалните предизвици.

Слични содржини