Хамас: Ако Нетанјаху одлучи вечерва да влезе во Газа, отпорот е подготвен

од Stefanija Kuzmanovska
620 прегледи

Висок член на политичката канцеларија на Хамас, Езат ал Ришак изјави дека групата е подготвена за израелската копнена инвазија.

„Ако Нетанјаху одлучи вечерва да влезе во Газа, отпорот е подготвен“, објави Ришак на Телеграм.

Претходно, военото крило на Хамас, бригадите Ал Касам соопшти дека интензивно ги бомбардираат израелските градови Сдерот, Ашдод и Ашкелон.

Израелските безбедносни сили (ИДФ) претходно најавија дека ја прошируваат копнената операција врз Појасот Газа.

Советникот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Марк Регев, изјави дека „Хамас вечерва ќе го почувствува гневот на Израел“ и оти милитантната група „ќе плати за злосторствата против човештвото“.

„Израел вечерва ја започнува својата должност“, изјави Регев за МСНБЦ.

Претходно, Палестинци во Појасот Газа објавија дека копнените сили на израелската армија, вклучително и тенкови, дејствуваат вечерва во енклавата.

Слични содржини