Пронајдени девет убиени цивили во куќа во Украина окупирана од Русија

од Radmila Tasevska
393 прегледи

Девет цивили се пронајдени застрелани во источниот украински град Волноваха, окупиран од Русија, според руските власти, јави ДПА.

-Двајца од загинатите се деца, соопшти Рускиот државен истражен комитет.

Мртвите биле пронајдени со прострелни рани во приватна куќа.

Осомничениот е руски војник, објави независен руски канал на Телеграм. Меѓу загинатите има татко, мајка, нивните две деца и гости во куќата.

Волноваха се наоѓа во регионот на Доњецк и е окупирана од руски војници од март 2022 година.