ЕК: Бугарија ќе одлучи каде ќе одат парите од таксите наметнати за транзитот на рускиот гас во С.Македонија

од Nikola Popovski
341 прегледи

Таксите што ги наметнува Бугарија за транзитот на руски гас во Србија, Унгарија и Северна Македонија се државна мерка и затоа Бугарија ќе одлучи каде да одат парите од нив, изјавил денес портпаролот на Европската комисија, Тим Мекфи, пренесува „БНР“.

Минатата недела, за време на Европскиот совет во Брисел, бугарскиот премиер Николај Денков изјавил дека во моментов се водат консултации меѓу Бугарија и Комисијата за наметнатите такси. Тој додал дека овие пари најверојатно ќе се пренасочат во европскиот буџет.

-Досега ЕУ воведе 11 пакети санкции против Русија. Рестриктивните енергетски мерки влијаат на нафтата и јагленот, но не и на увозот на гас, категоричен бил портпаролот на ЕК.

Денков минатата недела изјавил дека „нема противречност со санкциите“ и дека таксите „целосно се исполнети во духот на соодветната директива“.

Министерот за економија, Крешник Бектеши пред неколку дена истакна дека министерот за финансии на Бугарија треба да знае дека ние не ја оспоруваме воведената такса, туку количините кои ги загарантирале за Газпром, во однос на гасоводот со Македонија.

Тој истакна дека количините кои ги закупил Газпром од бугарската страна до 2030 година, немаат врска со воведување на таксата.

Според него, ние бараме да се ослободат количините да можеме да се снабдуваме од други извори, како што се снабдуваме со 180 милиони нормални метри кубни со гас од Азербејџан и ЛНГ-гас од САД.

-Ние мислиме дека сме уценети. Бугарскиот министер не зборува за процедурални работи и обврски кои ги има Бугарија кон ЕК во делот на издавање на закупи преку аукции. Тоа е работа на Бугар Транс Гас и Министерството за енергетика во Бугарија. Во делот на оштетата и споровите кои ние би ги отвориле, ќе ги направиме сите напори и имаме правна основа дека сме потпишале договори со енергетската заедница и Бугарија, појасни Бектеши за најавите од Софија за воведување такса за рускиот гас што транзитира низ нивната земја.

Слични содржини