Во последните 15 години Израел водел 6 војни во Газа

од Stefanija Kuzmanovska
233 прегледи

Израел во последните 15 години водел 6 војни во Газа. Од 2007 година, кога беше воведена блокадата, Израел водел војни во 2008, 2012, 2014, 2021, 2022 и 2023 година, пренесува „Ал Џезира“.

2008 година: Израелските сили извршија рација во Газа за да ги елиминираат борците на Хамас. Ова доведе до операцијата Cast Lead, повеќенеделен напад врз Газа што вклучуваше воздушно бомбардирање и копнена инвазија. Убиени се најмалку 1.000 Палестинци и 12 Израелци. Сериозни штети има и на станбени згради, деловни објекти и електрична инфраструктура во Газа.

2012 година: Израел започна осумдневни воздушни напади и го уби шефот на военото крило на Хамас. Загинаа речиси 180 луѓе.

2014 година: Израел изврши воздушни напади и артилериско бомбардирање што ги опустоши населбите во Газа. Убиени се повеќе од 2.100 Палестинци, главно цивили. Израел го процени бројот на загинати на 67 војници и шест цивили.

2021 година: Друго големо избувнување на насилство се случи откако Израел се закани дека ќе ги исели палестинските семејства од нивните домови во населбата Шеик Џарах во окупираниот Источен Ерусалим и израелската полиција воведе ограничувања на џамијата Ал Акса за време на муслиманскиот свет месец Рамазан. Израел изврши воздушни напади врз Појасот Газа, при што таму загинаа повеќе од 250 луѓе.

2022 година: Најмалку 44 Палестинци, вклучувајќи 15 деца, се убиени во тридневното израелско бомбардирање на Газа.

2023 година: На 7 октомври Хамас започна напад врз Израел, убивајќи околу 1.400 луѓе и земајќи повеќе од 200 заложници, според израелските податоци. Израел вети дека ќе го уништи Хамас, наметнувајќи целосна опсада на Газа и удирајќи ја со воздушни напади.

Медицински извори велат дека загинале повеќе од 8.300 луѓе, меѓу кои повеќе од 3.400 деца. Во меѓувреме, израелските војници со тенкови влегоа во палестинската енклава.

Слични содржини