📽 ПУКАЊЕ ВО БОЛНИЦА ВО ЈАПОНИЈА, има повредени

од Stefanija Kuzmanovska
204 прегледи

Полицијата во централниот јапонски град Тода одговорила на извештаите за пукање во болница, објавија локалните медиуми.

Во престрелката се ранети две лица, лекар (околу 40 години) и пациент (околу 60 години), јавува Би-Би-Си.

Установите во близина на болницата се ставени во „локдаун“.

Медиумите јавуваат дека по пукањето напаѓачот се забарикадирал во поштата во соседниот град Вараба.

Неколку полициски возила се паркирани околу поштата, блокирајќи ги околните патишта, додека полицајците се на терен со штитови.

Тода е град во јапонската префектура Саитама со околу 140.000 жители.

Слични содржини