Гетов: Во сите одлуки на надзорен одбор беа вклучени економски и правни анализи

од Radmila Tasevska
241 прегледи

На денешната седница на Анкетната комисија за скандалот со Клиниката за радиотерапија и онкологија беа сослушувани повеќе медицински лица, меѓу кои поранешни директори, главни медицински сестри и членови на надзорен одбор.

Димитар Гетов и Арбен Реџепи, надворешни членови на надзорен одбор при Универзитетската клиника за онкологија и раидотерапија истакнаа дека сите извештаи од одлуките на управниот одбор биле носени во согласност на проценките и при носење на одлуките биле присутни анализи и стручни мислења на правници и економисти.

На почеток зборуваше Гетов и тој посочи дека многупати била правена пренамена на средства за градба или неповрзано со лекувањето за набавка на пациенти.

-Сигурно не било доволно, како понатаму било завршено, набавувано ниту имавме увид, ниту влијание, бидејќи почна да се појавува и зголемување на долговите сите членови на управниот одбор потпишсавме едногласно до фондот за здравство лековите од биолошка терапија да ги стават на позитивна листа на лекови и со тоа на некој начин да се овозможи пациентите да бидат згрижени и да нема можност со ограничените средства во клиниката лекарите да се доведат до ситуација да постапуваат селективно да даваат терапија, посочи Гетов.

Рашела Мизрахи истакна дека извешаите покажале дека биле правени единечни договори за набавка вон буџетските можности на клиниката, на што тој рече дека сумите се големи, но дека сигурно се правени по проценка на докторите од клиниката во управниот одбор, но со тенденција да тоа биде покриено од Фондот за здравство.

Реџепи од друга страна рече дека не може да се сети на секоја одлука поединечно, но увери дека уредно биле вклучени мислења на економисти и правници.

-Значи секако сме барале правно образложение за донесување на нашите одлуки после детални анализи колку се сеќавам, ние совесно непристрасно сме гласле со целосна совесност, не можам детално да се сетам, но мислам дека би требало во записниците да стои и дека сме консултирале детално и сметководител правник, економист посебно за одлуките за набавки, но мислам дека сме гласале сродно анализите кои сме ги добиле. На сите седници со сигурност тврдам дека сме работеле според деловникот на управниот одбор и мислам дека сме одлучувале врз основа на тие информации кои во моментот сме ги имале, појасни Реџепи.

Мизрахи поставувајќи прашање посочи на пронајдени недостатоци во документацијата.

-Има еден допис потпишан од Венко Филипче во кој што има барање за доставување на податоци за биолошка терапија, Министерството за здравстви ќе започне постапка за набавка и бара управен одбор да донесе одлука за Министерствот да постапи во две годишна набавка, нема ниту датум, ниту архивски број, меѓутоа истото е  најдено на универзитетската клиника  за радиоптерапија и е доставено од директорката која денеска беше тука на нејзе е атачирана одлука на управен одбор во кој носите одлука да се направи набавка преку Министерството во вредност од над една милијардна денари, тоа е оној спорен момент, овој буџет никогаш не бил предвиден за буџет на УКРО за биолошка терапија, никогаш ФЗОМ не дал буџет на клиниката, а управе одбор го поминал овој документ како одговор на документот испратен од Министерство без архивски број и датум, истакна Мизрахи.

Реџепи на ова рече дека не се сеќава да посведочил на некаков документ без архивски број, и истакна дека делумно се чувствуваизмамен, но за да донесе целосен заклучок ќе почека да завршат истрагите.

Слични содржини