Десетици загинати во Газа по израелските напади врз Џабалија

од Radmila Tasevska
179 прегледи

Десетици луѓе загинаа во израелските напади врз Џабалија на северот од Појасот Газа, пренесе ДПА повикувајќи се на израелски и палестински извори.

Израелската армија соопшти дека копнените трупи убиле околу 50 терористи.

Лекар од болницата Камал Адван во северниот дел на Појасот Газа изјави дека најмалку 35 лица загинале, меѓу кои и деца и жени. Покрај тоа, повеќе од 200 повредени лица се примени во болница, изјави Хусам Абу Сафија за ДПА.

Израелската војска соопшти за „напад од големи размери“ врз „воено упориште“ на Хамас во западниот дел на градот, велејќи дека тоа било користено за обука на терористи.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во нападот користеле и авиони.

Во нападот се урнале и тунелите под зградата.

Според ИДФ, во нападот бил убиен командантот на Хамас Ибрахим Биари, кој наводно бил вклучен во масакрите во израелската погранична област на 7 октомври.

Хамас имал контрола над цивилните згради во областа, соопшти ИДФ, додавајќи дека армијата го повторила својот повик до жителите на Газа да заминат на југ.

Слични содржини