Ковачевски ќе присуствува на седницата на Советот за безбедност

од Nikola Popovski
189 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска 1 ноември 2023 година, ќе присуствува на седница на Советот за безбедност која ќе се одржи во 12:00 часот во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

На дневен ред на седницата ќе биде безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион.

На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.

Слични содржини