Иако има само 10 години, ќерката на Ким и Канје веќе има сериозни деловни планови

од Vladimir Zorba
317 прегледи

Иако има само 10 години, се чини дека најстарата ќерка на Ким (43) и Канје (46) има јасна визија за својата иднина – сака да стане бизнисменка.

Норт откри дека планира да го преземе бизнисот на нејзините родители и да стане сопственик на модните брендови Yeezy и Skims кои нејзините родители ги основале.

„Еден ден сакам да станам сопственик на Yeezy и Skims и сакам да поседувам компанија“, изјави Норт за i-D.

Кога била помлада, додала таа, сакала да биде боксер, но планира да работи како шетач на кучиња како тинејџерка за да заработи пари да слика затоа што ја сака уметноста.

Таа во интервјуто откри и дека во последно време лудува по винтиџ маички и удобни спортски панталони. На прашањето кое е нејзиното омилено парче во нејзиниот гардеробер, Норт без многу размислување рекла дека тоа е јакна во чест на починатиот крал на попот Мајкл Џексон, која ја добила од нејзината мајка за Божиќ.

Таа раскажа и како сака да си ја средува косата, па дизајнираше своја фризура и за тоа снимање.

Инаку, нејзините родители официјално се разведоа минатата година по седум години брак и четири деца. Покрај Норт ги имаат и Сент, Чикаго и Псалм.

Слични содржини