230
Американскиот претседател Џозеф Бајден повика на „пауза“ во борбите меѓу Израел и палестинските милитанти на Хамас во Појасот Газа, со цел да се дозволи ослободување на заложниците.
Бајден го изјавил ова како одговор на една жена од публиката на предизборниот митинг во Минесота, која го повикала да се заземе за прекин на огнот, пренесува „Ројтерс“.
„Мислам дека ни треба пауза. Паузата значи да им се даде време на заложниците да излезат“, истакнал Бајден.
Белата куќа подоцна соопшти дека претседателот мислел на хуманитарната помош и 240-те заложници кои ги држел Хамас. Жената била испратена од обезбедувањето додека извикувала „примирје сега“, но Бајден навел дека ситуацијата е „неверојатно комплицирана“ и за Израелците и за муслиманскиот свет.