Поранешниот водач на банда Двејн Киф Дејвис се изјасни дека не е виновен за убиството на раперот Тупак Шакур.
Американската полиција го обвини поранешниот водач на банда за убиство на раперот Тупак Шакур во 1996 година, големо ново откритие во случајот кој сè уште ја плени јавноста, пишува Би-Би-Си.
Уапсен е Двејн Киф Дејвис, вујкото на главниот осомничен Орландо Андерсон, член на бандата Крипс со кој Тупак физички се пресметал неколку месеци пред неговата смрт.
Орландо Андерсон, покојниот внук на осомничениот, и Шакур биле вклучени во тепачка во казино непосредно пред раперот да биде убиен на 7 септември 1996 година. Тој починал во болница неколку дена подоцна. На снимката од безбедносните камери на хотелот се гледа како Андерсон е претепан. Ова на крајот довело до одмаздничко пукање на Шакур додека чекал во својот автомобил на црвено светло.
Брзо стана очигледно дека се работи за злосторство поврзано со банда, а случајот беше истражуван неколку пати. Но, дури во 2018 година, кога во јавноста излегоа нови информации, случајот „заживеа“. Тука е и „признанието“ на Дејвис пред медиумските куќи дека бил во возилото од кое се пукало.
Дејвис и претходно им бил познат на инспекторите бидејќи претходно признал дека бил во кадилакот од кој бил застрелан Шакур. Тој се опиша себеси како еден од последните сведоци на пукањето.
Апсењето дојде два месеца откако полицијата во Лас Вегас упадна во домот на неговата сопруга во соседниот Хендерсон, барајќи предмети „поврзани со убиството на Тупак Шакур“.