📽 ЕМОТИВНО ВИДЕО: Полицајка дои бебе кое го пронашла во спасувачка мисија по ураган

од Stefanija Kuzmanovska
319 прегледи

Триесет и тригодишната полицајка Аризбет Дионисио Амбросио пронашла мајка и четиримесечно бебе за време на спасувачка мисија откако ураган го погоди Мексико.

Таа го слушнала плачот на бебето од далечина. Тој плач се повторил, па тргнала во потрага по детето. Ги пронашла мајката и бебето старо само четири месеци кои два дена не јаделе ништо.

Амбросио, која и самата е мајка на две деца, ја извадила заштитната опрема и почнала да го дои бебето. Малечкото веднаш престанало да плаче.

„Добро е чувството. Тоа е дете, и ако нешто нè повредува како мајки, тоа е да се види дете во вакви околности“, изјавила Амбросио.

Мексиканските спасувачки служби објавија фотографии и видеа од полицајката со бебето.

@n.mas Arizbeth Dionicio Ambrosio es la #policía que amamantó a un #bebé que llevaba más de 24 horas sin comer en #Acapulco, Guerrero. #tiktokinforma #huracan #otis ♬ Alegria – Ted D'souza

Слични содржини