Најмалку 51 Палестинец загина во саботата на полноќ во израелски воздушен напад врз бегалскиот камп Ал-Магази во централниот дел на Појасот Газа, јави официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, пренесе Анадолија.
Израелски воени авиони наводно ја нападнале куќата на семејството Саман во кампот Ал-Магази, при што биле повредени десетици луѓе.
ВАФА додаде дека повеќето од жртвите се деца и жени.
Израелското бомбардирање ја уништи куќата и предизвика сериозна штета на соседните станбени згради и инфраструктура.
Оваа недела, израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдни воздушни напади по ненадејната офанзива на Хамас на 7 октомври.
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 9.488 Палестинци, додека повеќе од 1.500 Израелци беа убиени во исто време.