Сончево и топло за овој дел од годината, заладување кон крајот на неделата

од Nikola Popovski
167 прегледи

УХМР информира дека денеска времето ќе биде сончево со мала локална облачност позначителна во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Температурата ќе се движи од 7 до 25 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец.

И во вторник ќе биде наутро свежо, а преку денот со сончеви периоди и релативно топло за овој дел од годината Во среда ќе преовладува облачно проследена со слаб до умерен дожд. Потоа до крајот на работната недела температурите ќе бидат пониски за 2 до 5 степени во однос на почетокот на неделата.