Се додека ДУИ и Ахмети се присутни – на Албанците нема да им фали влакно, им порача Османи на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
200 прегледи

Портпаролот на ДУИ и министер, Бујар Османи денеска им порача на ВМРО-ДПМНЕ дека „додека ДУИ и лидерот на партијата, Али Ахмети се присутни на политичката сцена, на Албанците нема да им фали влакно“.

-Не е првпат ова. Се сеќаваме и на коментарите на Зоран Заев претходно. Овој начин на создавање на меѓуетничка омраза, со цел добивање на политички поени, е премногу ризичен за мултиетничка демократија како С. Македонија. Сите тие закани се безвредни, кажа Османи на денешниот брифинг со новинарите.

Ова следува откако од ВМРО-ДПМНЕ коментираа дека по завршувањето на следните парламентарните избори, доколку победат, нема да одат во коалиција со ДУИ.

Политичарот беше запрашан и за вчерашните големоалбански пароли и провокации од навивачите на ФК „Шкупи“, за што рече дека не ги слушнал, но дека секоја изјава која предизвикува меѓуетничка омраза и нетолеранција, е казнива според законот.

Слични содржини