Брачниот пар се уште заглавен во Газа, еден наш државјанин не сака да се евакуира

од Nikola Popovski
159 прегледи

Евакуацијата на брачниот пар македонски државјани коишто сè уште се во Газа е одложено, изјави шефот на дипломатијата, Бујар Османи. Причината е што граничниот премин Рафах бил бомбардиран и привремено затворен за евакуацијата на странските државјани од Појасот Газа.

Министерот за надворешни работи, вели покрај брачниот пар, во Газа се наоѓа уште еден македонски државјанин којшто одбил да биде евакуиран оти работи за хуманитарна организација.

-Него го контактиравме, но нема интерес затоа што е дел од хуманитарни организации во Газа, рече Османи во одговор на новинарско прашање на денешниот брифинг во СЦ „Борис Трајковски“.

Потсети дека вчера се сретнал со првите македонски државјани што ја напуштија Газа –  брачниот пар и двете дечиња кои веќе се дојдени во Скопје.

-Вчера се сретнав со семејството кое се врати од Газа. Преку Египет ги вративме во Скопје со помош на Обединетите нации и ги сместивме со помош на Министерството за труд и социјална политика. Станува збор за брачен пар и две дечиња, прецизира Османи.

Слични содржини