Наташа Пирц Мусар: Црна Гора е локомотивата што го влече Западен Балкан кон ЕУ

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска изјави дека Црна Гора е локомотивата што го влече Западен Балкан кон ЕУ и дека „Словенија е нејзиниот глас“.

Посочувајќи на постојаната поддршка на Словенија за проширување на ЕУ кон Западен Балкан, Пирц Мусар на прес-конференцијата на Брдо кај Крањ по средбата со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, повтори дека на Западен Балкан му е потребна поголема интеграција во ЕУ.

Таа ја опиша Црна Гора како локомотива и „прва во низата“ која ќе се приклучи на европскиот блок, пренесува агенцијата СТА.

Слични содржини