Семејството Берлускони има проблем со „бунга-бунга“ девојките: Не сакаат да заминат од апартманите

од Stefanija Kuzmanovska
244 прегледи

Семејството на Силвио Берлускони се бори да избрка 20 жени кои престојуваат во луксузните апартмани на покојниот премиер, пишува „Дејли мејл“.

Семејството на Берлускони, кој почина во јуни по битка со леукемија, испратило писма до најмалку две жени во кои ги информирале дека ќе мора да го напуштат сместувањето кое им го обезбедил Берлускони до крајот на годината.

Тие ја сопреа и месечната исплата од 2.500 евра што ги добивале секоја од 20-те гостинки на неговите „бунга-бунга“ забави, соопштија во петокот два правни извора.

Младите жени кои живееле на неговиот имот беа меѓу 24-те обвинети кои беа ослободени заедно со Берлускони во февруари, во судењето во кое тој беше обвинет дека платил сведоци да лажат во случајот со детска проституција што го следеше повеќе од една деценија.

Слични содржини