Потребен е реформски, инвестициски и европски модерен буџет: Раководството на ССК на средба со Бесими

од Nikola Popovski
161 прегледи

Претставници на Сојузот на стопански комори, претседателот Трајан Ангелоски, потпреседателите Горан Ѓорѓиевски,Сашо Дукоски,Ромео Костадинов,како и Драган Пехчевски член на Управен Одбор ,имаа средба со министерот за финансии Фатмир Бесими .На средбата се разговараше на тема финансии и структура на буџетот за следната 2024 година ,како и предлози на Комората за поповолна деловна клима во нашата држава.

На состанокот беа потенцирани финансиски прашања на кои заеднички треба да се делува: зголемување на ефикасноста и економичноста на јавната администрација,намалување на сивата економија ,примена на Е-фактура и дигитализација, реструктуирање на јавните претпријатија загубари, да се инвестира во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија – декарбонизација како во јавниот така и во приватниот сектор, активна изградба на инфраструктура, патна ,железничка, усогласување на царините со ЕУ тарифна регулатива,се со цел да бидеме дел од европскиот економски простор.

Во оваа прилика се споменаа и темите како зголемување на платите во јавниот сектор и се потенцира ова да не биде главен приоритет во следниот период бидејќи се одразува негативно на целата економија.Воведувањето на новите даноци ја намалува предвидливоста на бизнис секторот и претставува дополнително оптоварување како и намалување на конкурентноста.

-Сојузот на стопански комори интензивно работи и се насочува кон долгорочен економски раст, подобрување на легислативата, делува и работи на стабилен економски раст, поврзување и можност за долгорочен развој на нови ЕУ пазари, инвестиции во зелена технологија и обновливи извори на енергија.Потребна е уште поголема фокусираност и примена на нови мерки за создавање на бизнис клима со која ќе се овозможи зголемување на условите за производство и стимулирање на извозот. Бизнисот втемелен на заедничко работење ,тоа значи градење економија втемелена на знаење, на иновации и економија која ќе гради партнерство со сет мерки меѓу бизнисот и државата, истакна Ангелоски.

Слични содржини