230
Состојки:
– шест телешки (или некои други) шницли
– половина шолја брашно
– шест парчиња свинска пршута
– шест поголеми листови жалфија
– 125 мл бело вино
– тестенини по избор
– две лажици маслиново масло
– сол, бибер
Подготовка:
Истенчете ги телешките шницли со чекан за месо. На секое парче месо ставете парче пршута и лист жалфија, а потоа прицврстете го со чепкалка за заби. Зачинете со сол и бибер, валкајте во брашно, па пржете во тава на врело масло додека телешкото да добие убава боја од двете страни. Извадете го и оставете го топло, а во тавата истурете бело вино и динстајте минута-две. Вратете го месото, динстајте уште една минута, па послужете со тестенините по избор.