Актерот Метју Пери почина на 28 октомври на 54-годишна возраст.
Публиката најдобро го памети како Чендлер Бинг од серијата „Пријатели“, а минатата година Пери ги објави мемоарите „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“ во која откри бројни детали од снимањето на серијата, како и од неговата приватен живот.
Тој призна и дека имал една посебна желба за последната епизода на „Пријатели“ и дека побарал услуга од креаторката на серијата, Марта Кофман.
„Пред последната епизода, ја одведов Марта Кофман на страна. ‘На никој друг нема да му биде грижи за ова освен на мене’, реков. ‘Тогаш може ли да ја имам последната реченица? Затоа што, додека сите го напуштаме станот, а Рејчел ни го предлага последното кафе, би сакал да ја симнам завесата на Пријатели’“, напиша тој во книгата, пренесува „Инсајдер“.
Марта одлучила да му ја исполни желбата, која имавме можност да ја видиме во последната сцена од серијата.
Имено, Моника и Чендлер добија близнаци и заедно со нив и останатите членови на иконската шесторка го напуштаат станот. Ги оставаат клучевите на шанкот во кујната и Рејчел ги прашува да одат заедно на кафе. Чендлер потоа вели: „Секако, каде?“.
Ова е реченицата со која завршува серијата, а особено е трогателно кога ќе се земе предвид дека познатото кафуле „Central Perk“ во кое пријателите го поминуваа поголемиот дел од времето и оделе на кафе, во тоа време повеќе не постоело бидејќи сцената била размонтирана.