📽 Сталоне зборуваше за својот починат син: „Кога работите ги ставате пред семејството последиците се…“

од Stefanija Kuzmanovska
329 прегледи

Во петокот на Нетфликс беше премиерно прикажан документарниот филм за животот на славниот актер Силвестер Сталоне. Веројатно најпознатиот филмски спортски херој во историјата зборуваше за своето растење, за сложениот однос со татко му и за неговиот пат од трње до холивудските ѕвезди, а се осврна и на односот со неговиот син Сејџ Сталоне.

Силвестер Сталоне ретко ја коментираше смртта на Сејџ, кој почина на 36-годишна возраст од атеросклероза на коронарните артерии, што предизвикало срцев удар (првите извештаи сугерираа дека е поврзано со дрога). Актерот сега даде ретки и искрени коментари за својот син во неговиот документарен филм Sly.

Една од секвенците во документарецот на Нетфликс, во режија на Том Зимни, прикажува снимка од Сејџ на 14-годишна возраст, играјќи го синот на Роки Балбоа, Роберт во „Роки V“. Приказната за тоа „продолжение“ од 1990 година се фокусира на тешкиот однос на Роки со своето дете бидејќи тој чувствува дека Роки поминува повеќе време на тренинзи со боксерот Томи (Томи Морисон) отколку со неговото семејство, вклучувајќи ја и неговата сопруга Адријана (Талиа Шајр).

На прашањето дали заплетот на филмот го потсетува на неговиот однос со Сејџ во реалниот живот, актерот рече: „За жал, да. Се обидував да преземам нешто што навистина посакувам да го направев во реалниот живот, но не можев да го сторам тоа. И така често го правев тоа театрално, магично. Многу од тоа е вистина. За жал, кога ставате други работи пред вашето семејство, последиците се прилично радикални и поразителни“.

Во документарецот се прикажани и сцени од премиерата на „Роки V“ каде актерот зборува за татковството додека стои со својот син.

„Во филмот има една реченица: ‘Многу ми е мило што се роди затоа што сега можам да живеам низ твоите очи’. Мислам дека тоа е она што татковците го сакаат од своите деца. Тоа е продолжение, парче бесмртност. Додека тој живее, секогаш ќе ви биде жив споменот, дека сте направиле нешто добро. Мислам, се надевате дека ќе биде така“, изјави тој.

Да потсетиме, 77-годишниот Сталоне го доби синот со поранешната сопруга Саша Чак, со која го има и 44-годишниот син Сеарџео Сталоне.

Слични содржини