245
Односите меѓу Русија и Кина се модел на стратешка интеракција заснована на доверба и почит, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за време на средбата со потпретседателот на кинеската централна воена комисија Џанг Јуксиао во Москва.
„За разлика од некои агресивни западни земји, ние не создаваме воен блок. Односите меѓу Русија и Кина се модел на стратешка интеракција заснована на доверба и почит“, рече Шојгу, пренесе ТАСС.
Тој предложи „да се разговара за понатамошни чекори за зголемување на билатералната соработка во сферата на одбраната, како и за размена на мислења за меѓународната агенда“.