Годишната камата на американскиот државен долг се зголеми на повеќе од трилион (илјада милијарди) долари на крајот на минатиот месец, покажува анализата на Блумберг.
Она што е фасцинантно е што оваа сума е двојно зголемена во изминатите 19 месеци и е еквивалентна на 15,9 отсто од целиот буџет за фискалната 2022 година.
Поради оваа висока цена за отплата на американскиот долг, заштедите неизбежно ќе треба да се најдат во други ставки во буџетот, од социјалните бенефиции до одбраната.
Згора на тоа, постојат сите шанси следната година ситуацијата да биде уште полоша, бидејќи речиси една третина од американскиот долг, околу 7,6 трилиони долари, ќе достасува во следните 12 месеци. Тој износ ќе треба да се рефинансира со ново задолжување, но сега со многу повисоки каматни стапки, што значи дека трошокот за одржување на долгот, и онака превисок, ќе стане уште поголем.