BMW Серија 1 може да добие целосно електричен наследник

од Vladimir Zorba
220 прегледи

Додека чекаме актуелната BMW Серија 1 да добие рестилизирана верзија, германската компанија има новости и за својата целосно нова генерација.

Поконкретно, BMW наводно планира целосно електричен наследник на Серијата 1.

Така, Илка Хорстмаер од Управниот одбор на BMW AG во разговор со новинарите открива дека баварскиот производител на автомобили сака да продолжи да нуди модели во „секој сегмент“.

Прочитајте повеќе:

На прашањето за електричнa Серија 1 или други компактни електрични возила, Хорстмаер вели: „Пред сè, работиме во премиум сегментот на пазарот. Значи има разлика во клиентите, тие се различни од оние во другите сегменти. Но, ние се фокусираме на целата палета на модели. Сакаме да им понудиме на нашите клиенти модели од Серија 1 до Rolls-Royce, од Mini до Rolls-Royce. Затоа имаме понуди за клиенти во секој сегмент. Навистина верувам дека секој треба да има можност да купи BMW во премиум сегментот“.

Ова потврдува дека BMW нема да го напушти компактниот сегмент откако сегашната генерација на Серија 1 ќе излезе од производство. Тековната Серија 1 дебитираше во 2019 година и се очекува да добие „дотерување“ во 2024 година, што значи дека ќе живее барем уште неколку години. Тоа исто така значи дека целосно електричен наследник на BMW i1 би можел да пристигне во втората половина на деценијата, кој ќе служи како влезна точка во идната линија на електрични возила.

Иако сè уште не е познато каква каросерија ќе избере BMW за следната генерација на компактен EV, можно е повторно да биде хечбек со пет врати, со дизајнерски јазик кој го претстави концептот Vision Neue Klasse.

Компактниот модел би можел да ги сподели своите основи со теренците на BMW iX1/iX2 и електричниот Mini Cooper/Countryman или да се заснова на понова EV архитектура.

Ривали на BMW i1 би можеле да бидат следната генерација на Audi A3 и Mercedes A-Class, кои исто така ќе станат само ЕВ модели до крајот на деценијата.