„Според мене, нема дилема дека треба да го почитуваме Уставот, како сите европски држави. Ако мандатот на претседателот е 5 години, тогаш мандатот на пратениците е 4 години. Изборите треба да ги издвоиме зашто тешко се води кампања и за претседател и за промоција на програма во кој правец ќе се движи државата. Тоа што Иванов своевремено прифати да биде само статист во изборниот процес, тоа е друго. Граѓаните треба да одберат претседател на сите граѓани и поинаков тип на кампања e, изјави потпретседателот на Собранието и лидер на НСДП Горан Мисовски, во интервју за најновиот број на неделниот „Фокус“.
Тој смета дека бојкот на избори е легитимна политичка одлука, но не е добро за државата.
„И ВМРО да бојкотира, цензусот ќе го обезбедиме, зашто има најава за многу кандидати позади кои објективно стои структура и гласачи. Тоа е кукавички чин, како што се случи на референдумот. Мицкоски ги знаеше математиките и одлучи во последен момент да не оди“, потенцираше Мисовски.