Ким Кардашијан ја откри својата тајна тетоважа: „Заборавам дека ја имам“

од Stefanija Kuzmanovska
280 прегледи

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (43) се забавуваше девет месеци со комичарот Пит Дејвидсон (29), кој се поврзува со бројни холивудски убавици. Во новата епизода на шоуто „The Kardashians“, Ким покажа дека има тетоважа на внатрешната страна на усната која ја поврзува со Пит.

Иако своевремено рече дека „никој не става налепница на Бентли“ кога ја прашаа зошто нема тетоважа, Ким се предомисли во октомври 2021 година, откако ја водеше емисијата „Saturday Night Live“.

Таа отишла да се тетовира во раните утрински часови, откако пријателите ја наговориле, а истата вечер првпат го бакнала Пит и тоа во споменатата емисија. Таа се одлучила за мал симбол за бесконечност.

„Често заборавам дека ја имам. Понекогаш кога ги мијам забите сфаќам и помислувам, што има црно во мојата уста“, рекла Ким.

Таа истакнала дека таа вечер се истетовирале и нејзината сестра Клои (39) и уште неколку другарки, но не открила дали се работи за исти тетоважи.

За Ким тоа е првата и, барем колку што е познато, единствената тетоважа. Тоа не е случај за Пит. Имено, комичарот има бројни тетоважи, а неколку од нив беа посветени на Ким за време на нивната кратка врска. Си го истетовирал нејзиното име на градите, иницијалите на нејзините деца и реченицата „мојата девојка е адвокатка“.

Слични содржини