Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека членките на воената алијанса ги поддржуваат хуманитарните паузи за да се овозможи испорака на помош во Појасот Газа поради влошената хуманитарна криза во таа област.
Тој посочи дека мора да се почитува меѓународното право, како и потребата да се заштитат цивилите, пренесува „Танјуг“.
„Војната во Газа не смее да се претвори во голем регионален конфликт“, рече Столтенберг, додавајќи дека Иран и либанската милитантна група Хезболах мора да се држат „настрана од оваа борба“.