431
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повтори дека не го поддржува почетокот на преговорите за членство на Украина во Европската унија, со што сигнализираше дека Будимпешта може да претставува пречка за амбициите на Киев да се приклучи на Унијата.
Во средата, Европската комисија препорача почеток на преговорите со Украина, а лидерите на ЕУ треба да одлучат за официјалната покана за Киев во декември. За ваква одлука потребна е едногласна поддршка од членките на Унијата.
Унгарија, како што посочи Орбан, не се согласува со тоа.