238
Министрите за надворешни работи на ЕУ во понеделник ќе учествуваат на состанокот ЕУ-Западен Балкан, заедно со шефовите на дипломатиите на Западен Балкан, со кој ќе претседава високиот советник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.
Како што се наведува во соопштението на Советот на ЕУ, состанокот ќе започне во 17 часот и 30 минути, по состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, а покрај министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, ќе присуствуваат и шефовите на дипломатиите на Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Косово.
Состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ ќе трае два дена, а со него ќе претседава Борел.