Стојаноски обвинува за задолжување на државата со два нови закони со европско знаменце

од Nikola Popovski
169 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски обвини за повторно користење на европското знаменце во Собранието, со цел да се задолжи државата за нови 190 милиони евра.

Според него, претседателот на собранието Талат Џафери одлучил како матично тело за разгледување на овие закони за задолжување да ја назначи контроверзната Комисија за европски прашања, наместо законите да одат на комисијата за финансирање и буџет, со што повторно ги погазил препораките на европската комисија за употреба на „европското знаменце“.

-Во овој период актуелни се два заеми, од кој првиот директно е во износ од 100 милиони евра и другиот од 90 милиони евра. До крајот на 2023та година освен овие два кредита, до Собранието ќе стигант уште задолжувања со што државата ќе се задолжи за 500 милиони евра со што јавниот долг ќе биде 8,5 милијарди евра. Повторувам, Македонија до крајот на годината ќе се задолжи за нови 500 милиони евра и јавниот долг ќе изнесува рекордни 8,5 милијарди евра, рече Стојаноски во своето обраќање од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ги повика претседателот на собранието Џефери и премиерот Димитар Ковачевски да ги почитуват препораките на ЕК и да ја променат одлуката за носење на законите во кратка постапка.

-Ковачевски мора да го прочита Извештајот на Европската комисија за Македонија за 2023 година и да ги послуша препораките и веднаш да ја промени својата контроверзна одлука и законите да ги пушти во редовната процедура бидејќи задолжувањето на државата нема никаква врска со усогласувањето со ЕУ регулативата – рече Стојановски.

Слични содржини