186
Кина ќе одржи заеднички воени вежби со пет земји од Југоисточна Азија од средината до крајот на овој месец, објави денеска кинескиот државен медиум Ксинхуа.
Како што е наведено, вежбите ќе се одржат во јужната кинеска провинција Гуангдонг, а ќе учествуваат вооружените сили на Камбоџа, Лаос, Малезија, Тајланд и Виетнам.
Воените вежби ќе се фокусираат на борбата против тероризмот и поморската безбедност, јави Ксинхуа, пренесе Ројтерс.