189
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека болницата Ал-Шифа во градот Газа „повеќе не функционира како болница“ и дека бројот на смртни случаи во болницата „значително се зголемил“.
Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека „постојаното пукање и гранатирање“ во областа околу болницата „ја влоши веќе критичната ситуација“.
Тој на мрежата Х напиша дека СЗО успеала да стапи во контакт со здравствените работници во болницата Ал-Шифа, а ситуацијата во таа болница ја опиша како „страшна и опасна“.