📸„Бев зависна од таблети“: Ники Минаж проговори за пороците и пластичните операции

од Stefanija Kuzmanovska
395 прегледи

Раперката Ники Минаж е ѕвезда на новото издание на американскиот „Вог“, нејзината фотографија со синот предизвика бројни коментари, а низата слики е придружена со интервју во кое зборува за својата зависност и пластичните операции.

Раперката наведува дека пред неколку години ѝ биле препишани таблети против менструални болки и дека продолжила да ги зема во текот на следните години и дека станала зависна од нив.

„Никој не ми кажа дека тоа предизвикува зависност. За среќа, успеав да се оттргнам. Но, еднаш зависник, секогаш зависник. Ако некогаш сте доживеале зависност од било што, секогаш треба да размислите два или трипати за изборот што го правите“, навела таа.

Ники во интервјуто кажала и дека нејзиниот татко бил зависник од наркотици. Како што рекла, ги земал нејзините цедиња и видео игри и ги продавал за да заработи за дрога.

„Сега разбирам дека овие луѓе не донеле такви одлуки затоа што сакале да го повредат своето семејство. Зависноста ги зафатила нивните тела и нивните животи. Тие исто така биле жртви“, рече таа.

Раперката исто така порача дека славата може да ја искомплицира нечија борба со зависноста.

„Погледнете некои од нашите најголеми познати личности. На крајот, или се измеани што не излегуваат од дома, како Мајкл Џексон, или ги критикуваат како што ја критикуваа Витни Хјустон, или таа битка ја водат во тишина како Принс“, истакнала Ники Минаж.

Таа наведува и дека отишла на корекција на градите и задникот, а нејзините одлуки од минатото – да ги зголеми – ги смета за глупави.

Испрати и убава порака до другите – да ги сакаат своите облини и необлини.

„Порано сакав поголем задник, сега размислував за тоа и сфатив колку е тоа глупаво. Затоа, сакајте ги своите облини и сакајте ги своите необлини. Нема ништо лошо во сето тоа“, заклучила Ники Минаж.

Слични содржини