„Веќе четврта година се соочуваме со една таква деструктивна работа буквално во сите собраниски комисии. Тоа е и пред неколку недели е нотирано и во извештајот на Светска банка. Дека блокадите во Собранието директно влијаат на економскиот раст на државата,“ истакна пратеничката Даниела Колева во емисијата Топ Тема на ТВ Телма.
Таа се осврна на неколку примери, како проектот за поврзување на локални патишта, вреден 70 милиони евра, наменет да се поделат меѓу општините, за нивни приоритетни локални патишта кои треба да се реконструираат. Средства кои беа блокирани од опозицијата додека беа претходните градоначалници. Закон кој бил блокиран година и половина и со смената на градоначалниците веднаш се пристапило кон гласање на законот од страна на опозицијата.
„Тоа е едно големо лицемерие кое не иде во прилог на граѓаните,“ рече Колева.