171
Портпаролот на израелската армија (ИДФ) Даниел Хагари објави дека припадниците на ИДФ извршиле рација во детската болница Рантиси во градот Газа и под неа го нашле командниот центар на палестинската милитантна група Хамас.
„Под болницата, во подрумот, го најдовме командниот и контролниот центар на Хамас, елеци за бомбаши самоубијци, гранати, пушки АК-47, експлозивни направи и друго оружје, компјутери, пари“, рече Хагари на прес-конференција, пренесе „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека се пронајдени докази кои укажуваат дека Хамас држел заложници под детската болница.