Андонов: Тенденција на сите влади биле Чебрен да се додели на приватен концесионер, има општ политички консензус за тоа прашање

од Vladimir Zorba
213 прегледи

„Од почетокот на деведесетите па до денес, тенденција на сите влади, на целото управување е Чебрен да се додели на приватен концесионер. Може да кажеме дека има општ политички консензус за тоа прашање да биде регулирано така“ рече директорот за развој и инвестиции во ЕСМ, Виктор Андонов во „Утрински печат“.

Тој додаде дека претходно немало храброст да се донесе одлуката за градење на оваа хидроцентрала, иако во 2008 година имало сериозни понуди од големи германски компании.

„Постапката е започната во 2020 година. Тоа беше период на техничка Влада. Одлуката е донесена точно пред техничката Влада. Постапката започна со пред квалификација, за да некои компании да бидат квалификувани треба да видиме со каков капацитет располагаат, дали се финансиски способни, искусни инт … на крај добивме 10 сериозни светски и европски компании“, рече Андонов.

Тој додаде дека Чебрен ќе биде една од најголемите брани во Европа и на тој објект ќе работат голем број на инженери од фазата на проектирање и дизајнирање па до градење.

„Било кој и да концесионер не може да ги донесе од дома. Има овде работа и искуство за сите, и за студентите кои овде студираат и за тие кои имаат искуство. Ќе има потреба од инженери. Токму нашите инженери ќе го стекнат искуството како е да се гради еден ваков значаен објект“, рече Андонов.

Слични содржини