Значително паѓаат цените на половните електрични автомобили

од Vladimir Zorba
295 прегледи

Долго пишувавме дека цените на половните автомобили се екстремно високи, но тоа се менува. Никој веќе не ја спомнува кризата со чипови, се стабилизираше производството на нови автомобили, а има се повеќе користени електрични автомобили. Оценката на германскиот автомобилски клуб (ADAC) е дека се зголемува бројот на користени електрични автомобили на пазарот.

Според ADAC, поради зголемената понуда, пократкото време на испорака и пониските цени на новите автомобили, паѓаат и цените на половните автомобили. Двегодишниот Tesla Model 3 во моментов може да се купи за 17 проценти помалку отколку во есента 2022 година. Тогаш просечната цена беше 38.550 евра, а денес нешто помалку од 31.900 евра, пишува „ХАК“.

VW ID.3 чини 28.850 евра во просек, а пред една година чинеше 33.100 евра (-13 проценти). Hyundai Kona стана уште поевтин, односно 22 проценти за една година. Во просек чини 27.400 евра, наместо 35.050 евра.

Слични содржини