Во моментов Македонија ја води премиер Македонец. Веќе влегуваме во период на предизборие. вие стр искусни новинари. Мислам дека во наредните 7,8 месеци ќе се изнаслушаме кој се е главен. Клучно е како можеме да функционираме еден Македонец, еден Влав и еден Албанец да склопиме Буџет и да го поднесеме на Влада и да го одобрат министрите, рече премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира вчерашната изјава на првиот вицепремиер Артан Груби дека „Македонија ја води премиер Албанец“.
Како што истакна премиерот, се испраќа пораката дека силата е во заедништвото.
„Со Македонија владеат Албанците“. Ова синоќа го порача Груби на промоцијата на декретаријатот на огранокот на ДУИ во Чаир каде беше дури и најавен како „премиер“.
Претседателот на огранокот Беким Незири се обрати со „поздрав за премиерот Артан Груби“ на настанот, а вицепремиерот Груби, пак, зборуваше за тоа дека моќта на Албанците е голема и дека сите се плашеле од Албанците што владеат со државата.